Индијана пејсерс – Денвер нагетс (01ч)
Индијана сезонава е одлична на домашен терен. Вкупно на 18 меча загубија само трипати. Само Милвоки, Клиперс и Детроит се екипите кои од Индијанаполис заминале со победа, па затоа ќе му биде тешко на Денвер, особено што пред една ноќ Нагетс добија лекција од Хјустон.
Последен пат Денвер гостуваше кај Индијана во март 2019 година, а Пејсерси беа убедливи со 124:88. Тешко дека може да се очекува таков исход повторно, битката би требало да биде понеизвесна, а сепак на крајот домаќините да бидат тие што ќе слават триумф.
Предлог тип: 1 (1.90)
Мајами хит – Торонто репторс (01:30ч)
Флорида е неподнослива речиси за сите екипи кои досега се обидоа да го нарушат мирот на Мајами. Жешките се речиси несовладливи на домашен терен, само Лејкерс замина со победа од „Американ ерлајнс арената“ оваа сезона. Сосема заслужено тимот на Хит е при врвот во Источната конференција, а воедно има подобар учинок и од актулениот првак.
Торонто ќе биде десеткуван за овој меч, најголем хендикеп е отсуството на Сијакам, па затоа може да се очекува Рептилите да претрпат нов кикс, иако славеа во три од последните четири гостувања кај Мајами.
Предлог тип: 1 & <214,5 поени (2.75)
Чикаго булс – Јута џез (02ч)
Дека џезот не секогаш е омилен жанр на музика во кошаркарската Мека, говори фактот што Јута дури во последното гостување во Чикаго оствари победа по три претходни разочарувања. Џезерите се во добра серија од три победи, целта е да се продолжи тој ритам за да се подобри учинокот во битката за пласман во разигрувањата.
Чикаго има негативен учинок на домашен терен од 7-11, а нема да биде изненадување ако овој меч заврши под дадената граница на вкупни поени.
Предлог тип: <210,5 поени (1.80)
Далас маверикс – Бруклин нетс (02:30ч)
Во составот на Далас за вечерашниот меч дефинитивно ќе отсуствува Хардавеј, а под знак прашалник е Порзингис. Тоа значи дека Маверикс целосно ќе се потпрат на квалитетите на извонредниот Лука Дончиќ, кој откако се врати од повредата, игра уште подобро од претходно, ако воопшто тоа беше невозможно досега.
Воедно треба да се врати победничкиот ритам бидејќи Далас ги загуби последните два меча против Лејкерс и Тандерс. И Бруклин е во лоша серија, трите последователни порази значеа дека Нетс имаат изедначен учинок по 32 натпревари (16-16). Без Кајри Ирвинг, тешко дека ќе дојдат до изненадување во Тексас.
Предлог тип: 1 хен. -7,5 поени (1.90)
Пол Џорџ (ЛА клиперс – Детроит пистонс, 04:30ч)
Џорџ веќе четири дуели ја нема надминато границата од 20 поени, што е некарактеристично за расен кошаркар од негово ниво. Затоа ноќеска има убава прилика да им покаже на домашните навивачи со какви квалитети располага, Детроит нема играч кој може да му се спротивстави.
Иако Клиперс ги загубија последните два меча од Пистонс на домашен терен, време е да се сменат нештата, а за тоа ќе се погрижи и Ленард покрај Џорџ, но од Пол очекуваме блескав настап.
Предлог тип: П. Џорџ >24,5 поени (1.87)