Њујорк никс го прегази Денвер нагетс со 122-84 во меч од НБА-лигата, на кој Никола Јокиќ одигра добро со 31 поен, но потфрлија сите негови соиграчи.
Јокиќ го имаше и потегот на мечот со една неверојатна асистенција до Арон Гордон без да гледа и покажа дека има феноменална визија и гледа и таму каде што очите не можат да видат.
https://twitter.com/i/status/1750687134556565883
Убедлив пораз доживеа и Мајами против Бостон од 110-143, додека најдраматично беше во Сан Франциско, каде што Сакраменто го совлада Голден стејт со 134-133. Тесно беше и во Брулин, каде што Минесота победи со 96-94, необичен резултат, во последните години ретко кога се случува ниеден тим да не даде 100 поени.
Инаку, наименувани се стартерите за претстојниот олстар-натпревар. Во првата петорка на Истокот ќе бидат Лилард, Халибуртон, Тејтум, Адетокумбо и Ембид. Во почетната петорка на Западот се Гилџиус-Александер, Дончиќ, Дурант, Џејмс и Јокиќ.
Леброн Џејмс од Лејкерс ќе биде првиот играч во историјата со 20 настапи на олстар, а Стеф Кари за првпат по 2013 нема да биде стартер во сезона кога е здрав.