Уште неколку часа остануваат за сите оние кои досега не ги одиграле своите фиксови во рамките од деветтото коло на Спортска прогноза. Можноста за прогнозирање завршува во 14 часот денеска, кога и ќе започне првиот меч од понудата, а тоа е дуелот меѓу Осасуна и Жирона.
Интересно е што прогнозерите досега имаат девет фаворити на 13-те натпревари на кои им даваат повеќе од 50 отсто шанси за победа. На останатите четири меча меѓу кои е и дербито во Премиер лигата Њукасл – Арсенал, прогнозерите се поделени и немаат изразит фаворит.
Во шестата сезона на бесплатната игра сè уште се чека првиот прогнозер што ќе погоди Тринаесетка и ќе може да си одбере по сопствен избор една од трите понудени награди од Sport Life:
Смарт Тв Самсунг 55” 4K,
Електричен Тротинет,
Сони Плејстејшн 5
Голем дел од стандардните учесници веќе ги одиграа своите комбинации, а секој може да се приклучи на многу едноставен начин.
Играта е бесплатна, сè што ви треба е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може многу брзо да се добие на сите шалтери на Sport Life.
Sport Life ги наградува и утките, па со 12 погодени парови во следува ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.