Екипите на Рух Хожув и Висла Краков се дел од втората полска фудбалска лига, но фактот дека нивното ривалство постои секогаш, се докажа и на дуелот кој се одигра изминатиов викенд.
Рух Хожув беше домаќин на стадионот „Сласки“, кој има капацитет од 54.378 гледачи, а за гостувањето на Висла Краков, капацитетот беше речиси целосно исполнет.
Вкупно 53.293 гледачи имаше на дербито кое беше историско од два аспекта. Бројот на глдачи е рекорден не само за дуел од втора лига туку воопшто во полскиот фудбал. Никогаш во 21 век немало повеќе од 53.000 гледачи на дуел од полско првенство, а овојпат Рух и Висла испишаа историја, и тоа во Втора лига.
На трибинтие имаше 20.000 фанови на Висла, кои на крајот блискаа од радост затоа што гостите победија убедливо со 5:0. Ова е историски пораз за Рух на домашен терен од големиот ривал.
По овој меч, Рух остана на петтото место со 35 бода, а Висла е шеста со 33 бода.