Романецот Иштван Ковач е делегиран за судија на мечот Холандија – Македонија кој се игра в понеделник во Амстердам, и за македонската селекција ќе биде последен от меч од групната фаза на Европското првенство.
Ковач е 36-годишен професор по физичко воспитување. Знакот на ФИФА го има од 2010 година. Станува збор за судија кој редовно дели правда и на натпревари од Лигата на шампионите и Лига Европа, се појави и на мечеви од квалификации за СП, ЕП, и Лигата на нации. Ова му е деби на сениорско ЕП.
Од 2001 до 2018, тој судел и мечеви од лигите во Египет, Саудиска Арабија и Катар. Интересно е што во 14-годишната кариера како судија, има покажано 149 црвени картони.