Дури на 30-мина фудбалери им се заканува суспензија за реванш-дуелите во Лигата на шампионите

Од 36 клубови во лигашкиот дел, бројката на екипи кои останаа во борба за трофејот во Лигата на шампионите се намали само на осум. Тоа се осумте најдобри кои вечерва и утревечер ќе играат во првите четвртфинални дуели од елитното европско друштво.

Во една ваква фаза од натпреварувањето, секој момент, секој потег може да биде клучен, па така треба да се внимава и на моментот дали ќе се добие жолт картон и дали поради таа јавна опомена нема да може фудбалерот да му помогне на својот клуб во реваншот од четвртфиналето.

Според досега поделените жолти картони, јасно е дека дури 30-мина фудбалери се под опасност ако вечерва или утревечер добијат жолт картон, па ќе мора да го пропуштат реваншот од четвртфиналето. Најзагрозен тим по ова прашање е Атлетико Мадрид, кој има дури осуммина фудбалери кои потенцијално може да го пропуштат реваншот против Барселона ако добијат жолт картон на утрешната пресметка на „Камп ноу“. Втор на оваа листа е Реал Мадрид со седуммина фудбалери кои би отсуствувале на реваншот во Минхен против Баерн ако вечерва добијат јавна опомена.

Листа на фудбалери кои треба да внимаваат да не добијат жолт картон ако сакаат да не бидат суспендирани за реваншите:

Реал Мадрид: Хаусен, Карерас, Чуамени, Белингам, Мбапе, Винисиус јуниор, Родриго,

Баерн Минхен: Лајмер и Упамекано

Спортинг Лисабон: Луис Суарес

Арсенал: Зубименди и Норгард

ПСЖ: Кварацхелија и Нињо Мендеш

Ливерпул: Ван Дајк, Бредли, Гравенбер, Џоунс

Барселона: Џерар Мартин, Касадо, Фермин Лопес, Ламин Јамал

Атлетико Мадрид: Љоренте, Ле Норман, Ленгле, Руџери, Симеоне, Алмада, Бариос и Пубиљ.

- Оглас -

Најнови вести