17.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Дури на осум меча над 60 отсто од прогнозерите веруваат дека го знаат победникот

Деветтото коло на Спортската прогноза е во полн ек, а вкупно 13 меча од Топ 5 лигите се дел од понудата. Интересно е дека дури на осум натпревари, прогнозерите со над 60 отсто се убедени дека го имаат тимот кој треба да победи.

Како најголеми сигурици се оние дуели на кои над 75 отсто, односно три четвртини од прогнозерите веруваат во еден тим. Аугсбург да слави над Хамбургер очекуваат 76 отсто од прогнозерите, а тука се и „двојката“ на Волфсбург – Леверкузен (80 отсто), Њукасл – Манчестер сити (двојка за 75 отсто), потоа 81 отсто чекаат „кец“ на Нант против Лориен и дури 84 отсто веруваат во победа на Арсенал против Тотенхем.

Како во секое коло така и сега главен предизвик е да се погоди Среќна 13-ка, што може да донесе подарок iPhone 16. За 12 погодоци се добива ваучер од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести