32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

На два дена до почетокот на сезоната, единствено Шкупи нема ВАР-лиценца

Сите клубови од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) пријавиле стадиони кои ги исполнуваат стандардите за користење на ВАР-системот, со единствен исклучок – стадионот „Чаир“, кој е домашен терен на ФК Шкупи.

Според информациите од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на „Чаир“ недостигаат основни елементи за функционирање на системот – нема техничка соба, ниту платформи за позиционирање на камерите. Дополнителен проблем е отсуството на соработка од страна на клубот во однос на подготовките за ВАР.

Централната ВАР-соба, која ќе ги следи и анализира сите спорни ситуации од натпреварите во ПМФЛ, е лоцирана во просториите на ФФМ, во „куќата на фудбалот“ во Скопје.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, јасно порача:

„Доколку Шкупи не најде начин да ја заврши потребната инфраструктура за ВАР на стадионот ‘Чаир’, ќе мора да пронајде алтернативен терен кој ги исполнува сите услови.“

Со оглед на тоа што ВАР ќе биде задолжителен дел од секој прволигашки натпревар оваа сезона, а Шкупи игра веќе в петок со Шкендија, клубот се наоѓа пред императив да дејствува брзо или да се соочи со организациски последици.

Дополнителен голем проблем за клубот е Чаир е што до моментов нема пријавено 15 професионални договори на фудбалери до ФФМ со што би го исполнил главниот услов за настап во ПМФЛ. Им остануваат 24 часа да го решат тоа, во спротивно нема да може да играат.

- Оглас -

Најнови вести