Покрај знаењето, добрата интуиција за да биде еден тикет добитен, многу често е потребна и среќа. Многу често може да се слушне дека „само за еден гол тикетот не е добитен“, а ова буквално му се случи на еден обложувач од Струмица, и тоа двапати само во неколку дена.
Првиот тикет е одигран во вторникот. Има 13 пара и сите се одиграни на фиксови. Погодени се дури 12, но има една утка. Се работи за меч од ниските лиги во Англија меѓу Чичестер и Витхак, кој заврши 1:1, а потребна беше „двојка“.
Гостите водеа, но не успеаја да ја задржат предноста, па тикетот кој само со 20 денари беше уплатен и имаше вкупен коефициент од 4.570, остана недобитен само за еден гол.
Вториот тикет кој не е добитен поради само еден гол е уплатен минатата недела, кога повторно на 13 одиграни меча со вложени минимални 20 денари, добивката ќе беше 61.860 денари. Тогаш на дуелот од Лигата на Конфедерации, ТНС дома загуби со 0:2 од Панатинаикос, а потребно беше да има барем три погодоци на овој меч.
Очигледно е дека овој обложувач ја „лови“ и Среќна 13-ка, односно да има најголем погоден коефициент со 13 погодени пара, но во овие два случаи не му се насмевна среќата.