31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

На ЕХФ не му е лесно, еден од главните спонзори на ракометното ЕП од денеска е во штрајк

Машиновозачите на Дојче Бан (Германски железници) утрово во 2 часот стапија во штрајк и предизвикаа хаос во транспортот во целата држава.

Германските железници се еден од главните спонзори на Европското првенство во ракомет, а баш среде ЕП, нивните работници престанаа да работат. Штрајкот ќе трае два дена, до петок, но тоа е доволно за хаос, бидејќи во Германија возовите се најкористено превозно средство.

Во непријатна ситуација е и Европската ракометна федерација, ЕХФ, и на нив им се замрсени сметките, па мора да изнаоѓаат начини за излез од проблемот. Тимовите кои денеска играат во Дизелдорф, утре ќе треба да заминат во Берлин, истото важи и за новинарите и странски навивачи, па преполните автобуси ќе бидат главни низ германските патишта до задутре.

- Оглас -

Најнови вести