ЕХФ за Вардар: Шампионите не се плашат од никого

Европската куќа на ракометот, ЕХФ, го рангираше Вардар во топ-5 најискусни состави што ќе играат во Лигата на шампионите, а заедно со „црвено-црните“ се и Кјелце, Барселона, Веспрем и Пари Сен Жермен. Одличен топ-5 што го составуваат речиси сите главни кандидати за титулата во ЛШ.

„Може ли подобро остварување од две титули во ЛШ во последните три години? Тешко. Вардар повторно мораше да биде реконструиран по заминувањето на тренерот Роберто Гарсија Парондо и клучните играчи од минатата сезона, како Игор Карачиќ и Дејан Милосављев. Но, тоа не го плаши никого во Скопје. Претходно имаат пребродено сличен проблем, без да има сериозен удар или влијание врз клубот. Тие знаат како се освојуваат титули“, пишува во текстот на ЕХФ.

Вардар е во групата Б со Веспрем, Кјелце, Кил, Монпелје, Мешков Брест, Порто и Мотор Запорожје. Вардар ќе ја почне одбраната на европската круна во Франција, против Монпелје на 14 септември.

Македонскиот и европски првак вечерва во Скопје ја почнува и новата одисеја во СЕХА-лигата со меч против новиот член Пекинг Универзитет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести