На елиминацијата на Наполи најмногу се израдува Јувентус, кој ќе заработи најмалку 50 милиони евра

Поразот на Наполи од Барселона (3:1) во реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите донесе радост во Торино и кај навивачите и фудбалерите на Јувентус.

Имено, со елиминацијата на Наполи, Јувентус е тимот кој обезбеди пласман на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во 2025 година во САД.

Секоја од 32-те екипи ќе добие 50 милиони евра само за учество на Светското клупско првенство.

Според пропозициите, за европските екипи се резервирани 12 места, кои ќе се одредат според резултатите во Лигата на шампионите во последните четири години.

Последните тројца победници во ЛШ, Манчестер сити, Реал Мадрид и Челзи автоматски обезбедија пласман на Светското клупско првенство, а според резултатите во последните четири години, пласман обезбедија и Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Бенфика, Порто, Борусија Дортмунд и Јувентус.

Со испаѓањето на Наполи, Јувентус стана десеттиот европски клуб кој доби влезница за елитниот турнир, а за останатите две места ќе се борат пет тима, Барселона, Арсенал, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Салцбург.

- Оглас -

Најнови вести