Ливерпул веќе и официјално дојде до рекордната 20-та титула во Премиер лигата, но веќе се подготвува составот и за следната сезона. Дарвин Нунес и Трент Александер-Арнолд најверојатно ќе си заминат, а веќе се размислува кои фудбалери би биле идеални замени.
Тоа се левиот бек на Борнум, Милош Керкес, како и централниот дефанзивец на Црешите, Дин Хујсен. Што се однесува до офанзивата, приоритет е напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Уго Екитике.
Иако во моментов приоритет се одбраната и нападот, сепак не се исклучува дека се можни засилувања и во средниот ред.