На „Енфилд роуд“ ќе има многу голови, Сон може да го сруши сонот на Ливерпул

На „Енфилд роуд“ Ливерпул секогаш е фаворит, но факт е дека Црвените имаат само теоретски шанси да се борат за титулата. Од друга страна, Тотенхем е со надеж дека може да стигне до четвртото место кое води во Лигата на шампиони. Последните седум меѓусебни дуели завршиле со гол-гол, а дури на шест од нив имало и барем по три погодоци.

Тотенхем нареди три порази во низа и не е во добра форма, но овој меч им е последна шанса да покажат дека имаат сила да бидат во трка за место во Лигата на шампиони.

За ова дерби има одлична понуда за стрелец на првиот гол или воопшто играч кој ќе постигне погодок на оваа средба. Ѕвездата на Тотенхем, Сон има погодувано на четири од последните пет меча против Ливерпул. Секако, главни адути кај Ливерпул за стрелец се Салах, Нињес и Жота.

Тука се и игрите за прв или последен корнер, прв жолт, но и прв црвен картон, прва замена, но и дали и кој прв ќе добие пенал.

- Оглас -

Најнови вести