На „Енфилд роуд“ уште погласно ќе се слуша најпознатата спортска химна

Еден од легендарните стадиони во Европа, „Енфилд роуд“ во Ливерпул треба да добие проширување. Според најавите, во Ливерпул веќе се зборува за зголемување на капацитетот на 60.000 гледачи, што е за 6.000 повеќе од сегашниот број на седишта.

Од клубот поделиле над 5.000 летоци до локалното население и бизнис-заедницата да присуствуваат на јавниот состанок околу надоградувањето на стадионот. Капацитетот на „Енфилд роуд“ стана претесен, посебно по освојувањето на европската титула и амбициите на клубот сезонава да стигне до првиот трофеј во домашното првенство по пауза од 30 години.

Ливерпул само пред неколку години потроши 130 милиони евра за проширување на стадионот, но идејата за дополнително зголемување на капацитетот доаѓа откако Тотенхем и Арсенал изградија нови стадиони, а Манчестер сити и Манчестер јунајтед ги зголемија своите фудбалски домови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести