На „Енфилд“ со Арне Слот ќе пристигне и засилување вредно 100 милиони евра?!

Ливерпул од први јуни ќе започне нова ера, по девет години поминати на клупата си замина Јирген Клоп, на негово место пристигнува Арне Слот, кој веднаш ќе добие подарок вреден 100 милиони евра.

Според англиските медиуми, Слот на управата на Ливерпул и доставил листа на желби за летниот преоден рок и прво име на списокот е тоа на Антонио Силва од Бенфика.

Откупната клазула за 20-годишниот дефанзивец изнесува 100 милиони евра и според медиуми, Ливерпул планира да ја активира истата и на новиот менаџер да му ја исполни најголемата желба.

- Оглас -

Најнови вести