Европското фудбалско првенство во Германија започнува утре, а гледачите на стадионите, но и оние кои ќе гледаат на телевизија, ќе имаат можност да ја запознаат новината во ВАР-системот. На стадионите во Германија за првпат судиите ќе ја образложуваат одлуката која ја донеле откако гледале ВАР-ситуација.
Според УЕФА, доколку судијата гледа ВАР и се одлучи да покаже на белата точка, образложението би звучело вака: „Бројот 9 од Германија ја допре топката со левата рака, која беше во неприродна позиција, над рамото, и го зголеми обемот на неговото тело“.
Гледачите сигурно ќе уживаат во ова задоволство да ги слушнат судиите како ја објаснуваат својата одлука.