На Ериксен ќе му биде вграден дефибрилатор

Кристијан Ериксен ќе мора да носи дефибрилатор кој ќе му го следи работењето на срцето откако пред неколку дена Данецот преживеа срцев удар среде натпреварот меѓу Данска и Финска.

Фудбалерот на Интер закрепнува постепено, но по совет на докторот на репрезентацијата, Мортен Боесен, одлучено е дека овој уред му е неопходен на Ериксен со цел да се следи неговата состојба.

„По серијата прегледи на срцето, одлучено е дека на Кристијан треба да му се вгради уред за следење на работата на срцето. Неопходно е по претрпениот удар да се следи ситуацијата бидејќи имаше нарушување на ритамот на срцевиот мускул. Ериксен го прифати предлогот на повеќе национални и меѓународни експерти, сега ја молиме јавноста да го остават Кристијан и неговото семејство во мир и приватност“, истакна докторот Боесен.

- Оглас -

Најнови вести