26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

На Ерменците им требаа 80 минути за да ја најдат слабата точка на Шкендија, па дадоа два гола

Ерменскиот Ноа го победи македонскиот вицепрвак Шкендија со 2-0 во првиот меч од првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Реваншот е за една недела во Скопје, а тетовци ќе имаат тешка задача против Ерменците, кои головите ги дадоа во 81-вата и 90-тата минута. Стрелци беа Португалецот Грегорио и Бразилецот Пабло, а двата гола беа постигнати со глава откако Шкендија во својот петерец губеше воздушни дуели.

За Ноа играат и неколкумина фудбалери кои настапувале во Македонија, како Чинари, кој лани беше токму во Шкендија, и некогашните вардарци Хамбарѕумјан и Дашјан.

- Оглас -

Најнови вести