На „Етихад“ се подготвува спектакуларно лето: Пеп купува фудбалер за 150 милиони евра

Манчестер сити подготвува комплетна реконструкција налето. Дел од фудбалерите ќе си заминат, а ќе пристигнат нови, скапи, засилувања. Првата желба на Пеп Гвардиола е фудбалер чиј потпис раководството на Граѓаните ќе го чини неверојатни 150 милиони евра.

Се работи за најдобриот фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, но голема конкуренција имаат во Баерн Минхен и Реал Мадрид. Токму затоа и се очекува понуда од 150 милиони евра, сума која раководството на Фармацевтите нема да може да ја одбие, а ќе ја откаже и конкуренцијата од желбата за негов потпис.

- Оглас -

Најнови вести