На ЕВРО 2020 пенал-сериите се добиваа уште при ждрепката

Сите репрезентации кои први изведуваа пенал, ги добиваа пенал-рулетите на Европското првенство во фудбал. Со ова се потврди дека психолошката предност секогаш ја има тимот кој прв изведува удар од 11 метри. Излегува дека и во финалето Италијанците и Англичаните „џабе“ шутираа пенали кога однапред „се знаеше“ победникот.

Италијанците беа подобри пеналџии од Шпанците и Англичаните, Швајцарците беа поуспешни во пенал-серијата од Французите, а Шпанците од Швајцарците и во сите четири случаи триумфираше тимот кој прв шутна пенал. Се верува дека капитените го знаат тоа мноу добро и ако паричката нив им даде предност, тие секогаш бираат први да шутираат, со што би го зголемиле притисокот кај противниците.

Една студија покажала дека 60 проценти од пенал-сериите во светот им припаднале на тимовите кои први шутирале, што покажува дека пеналите и не се чиста лотарија, туку потребно е справување со притисокот.

Има идеја да се смени форматот и наместо како сега, по еднаш едните, па другите (АБ АБ АБ), да се премине на системот А-ББ-АА-ББ-АА-Б, како во тенискиот тај-брејк. Вака притисокот е ист врз двата тима. Иако се работи на случајот, не се очекува во блиска иднина да се смени сегашниот изглед на пенал-сериите.

- Оглас -

Најнови вести