3.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

На Евро 2024 пеналите може да го решаваат патникот уште во групната фаза!?

Европското првенство во Германија полека влегува во возбудливиот дел од групната фаза. Има уште многу средби да се играат, многу калкулации се во оптек, а во третото коло ќе бидат познати сите непознаници.

Интересно е дека на ова ЕП, може да се случи историски момент, а тоа е во групната фаза патникот за следната фаза да се бара по изведување на пенали. Според правилата на УЕФА, пенал-лотаријата може да одлучува само во една ситуација.

Ако две екипи имаат директен дуел за место во осминафиналето, а по завршување на 90 минута се случи да имаат ист број на бодови, како и израмнета гол-разлика (ист број на дадени и примени голови).

Засега само Германија и Шпанија си обезбедија сигурно место во нокаут фазата, а последното коло ќе биде навистина интересно и возбудливо, па може да се случи и пеналите да решаваат.

- Оглас -

Најнови вести