На европските шампионки им е потребна победа за да дојдат поблиску до четвртфинале

6748 Холандија жени – Португалија жени (21 часот)

Бранителките на европската титула вечерва мора да ја оправдаат фаворитската улога откако ремизираа во првото коло од групите. Шведска ги задржа Лалињата на 1-1, па сега Португалките може да бидат жртви на актуелните шампионки.

По пауза од осум години ќе се сретнат овие две селекции, а Холандија памети две победи над Португалија од кои една е убедлива со 7-0, како и 3-2.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (2.07)

 

6746 Шведска жени – Швајцарија жени (18 часот)

Во групата Ц сите четири селекции тргнаа со ремија, па време е да проработи Шведска која вечерва е огромен фаворит против Швајцарија. Од Швеѓанките се очекува да стигнат далеку на ова ЕП, па затоа треба да го потврди квалитетот кога веќе доби 1.16 квота за обичен „кец“ во вечерашниот дуел.

Во четири меѓусебни дуели, Шведска трипати славела со 3-0, 1-0 и 4-1 и нема да биде изненадување доколку паднат повеќе од четири гола.

Предлог тип: 1 & 4+ (2.55)

 

6723 Kлаксвик – Бодо/Глимт (19 часот)

Бодо оди по заверка на пласманот во следното квалификациско коло, со оглед на тоа дека првиот меч го доби со сигурни 3-0. За норвешкиот првак реваншот е само формалност и веќе мисли на следниот противник, дали тоа ќе биде ТНС и Линфилд.

Бодо е во солидна форма со четири победи и еден пораз во последните пет меча, а просекот од три гола по натпревар гарантира ефикасно издание на гостите.

Предлог тип: 3-5 гола (1.79)

 

6727 Динамо Батуми – Слован Братислава (19 часот)

Грузискиот Динамо успеа со чиста мрежа да го дочека реваншот против Слован и како домаќин, според квотите во Sport Life е за нијанса во подобра позиција да продолжи во квалификациите за ЛШ.

Подготовките за Слован не поминаа според очекувањата, само еден триумф во четири контролки, форма која се отслика и во првиот меч против екипата од Батуми.

Тешко дека денес ќе биде поразлично сценариото, тврда и тактичка игра се очекува на двете страни, а разликата да ја направи еден гол.

Предлог тип: 1X & 0-2 (2.05)

 

6729 Шахтар Солигорск – Марибор (19 часот)

Ремито без голови во Марибор за вечерашните гости треба да биде дополнителен мотив за одржување на амбициите и чекор понатаму кон групната фаза во ЛШ.

Солигорск ќе биде домаќин на неутрален терен во Адапазари, Турција, па тоа можеби делува како шанса за словенечкиот тим да оствари поволен резултат.

Воедно за Марибор ова е шанса да го крене нивото на игра бидејќи во подготовките забележа по еден триумф и пораз, со три нерешени резултати.

Предлог тип: X Било кога (1.62)

- Оглас -

Најнови вести