Комплетиран е трансферот на Еберечи Езе од Кристал Палас во Арсенал, и со тоа на Езе ќе му се исполни сонот да биде дел од првиот тим на Топчиите. Во својот нов клуб, Езе ќе носи дрес со бројот 10.
Езе од дете е фан на Арсенал, а во минатото беше дел од академијата на клубот и веќе го има носено црвено-белиот дрес.
Арсенал за 27-годишниот Езе плати фиксни 60 милиони фунти, кои може да пораснат за плус 7,5 милиони за разни бонуси. Дебито за Арсенал ќе го има на 31-ви август во мега дербито против Ливерпул.