21.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

На фановите на Ривер им правеа алкотест на влезот на стадионот, 11-мина пијани не беа пуштени (Видео)

Пред натпреварот против Либертад во главниот град на Парагвај, Асунсион, навивачите на аргентински Ривер плејт беа изненадени што при влезот на стадионот беа тестирани на алкохол, а 11-мина лица за кои се утврди дека пиеле беа однесени во полициска станица и останаа таму до крајот на натпреварот од Копа Либертадорес.

По натпреварот, тие беа ослободени без понатамошни последици, но штетата од тоа што не го видоа својот тим на ова гостување беше направена.

„Влезот на спортските стадиони или присуството во околните области е забрането за секое лице под дејство на алкохол, наркотици или други опасни дроги“, се наведува во член 3 од Законот бр. 1866 на Парагвај кој е создаден за „ненасилство на спортските стадиони“ и датира од 2002 година.

- Оглас -

Најнови вести