На „Фејсбук“ видел дека бараат репрезентативец, па го остави целиот живот што ги градел за да го оствари детскиот сон

Изминативе две недели беа резервирани за репрезентативни дуели низ целиот свет. Се одиграа многу интересни дуели, беа постигнати многу погодоци, се испишаа најразлични приказни, но една е посебно интересна.

Маикели Лому, кој беше сопственик на работилница за керамика во Тексас, САД, додека еден ден гледал што има ново на „Фејсбук“, еден пост му го промени животот. Тоа беше постот од Фудбалската федерација на Тонга, која преку социјалните мрежи барала луѓе кои имаат корени од оваа земја и дали би сакале да заиграат за репрезентацијата на Тонга.

Тогаш момчето кое е родено во САД и живее таму цел живот се нашло пред животен крстопат. Со поддршка од неговата сопруга, испратил неколку видеа од времето кога играл фудбал во средно училиште, а потоа добил повратен одговор од Федерацијата на Тонга дека е повикан да биде дел од репрезентацијата.

Лому тогаш решил да продаде сè што има во САД, да го остави бизнисот што го водел и заедно со сопругата и трите мали деца да отпатува 11.000 километри далеку за да заигра фудбал за репрезентацијата на Тонга. Како што вели самиот, тоа било остварување на неговиот детски сон.

Репрезентацијата на Тонга беше распадната откако започна кризата со корона-вирусот и овие неколку дена конечно одиграа два меча во квалификациите. Прво победија против Кукови Острови со 3:1, а потоа следуваше и пораз од Самоа со 2:1, и тоа по продолженија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maikeli Lomu (@maikeli_lomu)

- Оглас -

Најнови вести