На Фелаини му поништија чист гол – Во бес го пцуеше судијата, па седна и не сакаше да игра (Видео)

Маруан Фелаини збесна откако му поништија погодок за победа на Шандонг луненг против Хебеј, а се чини дека реакцијата му е на место бидејќи голот беше регуларен.

Во скок Белгиецот беше надмоќен и погоди со глава во последните моменти, но судијата го поништи погодокот пораду наводен фаул од Фелаини.

Во Кина има ВАР-систем, но арбитерот воопшто не ни размислуваше да го провери спорниот момент што ќе му донесе победа на Шандонг од 3:2.

Фелаини потоа збесна и наводно, според информациите, дури и го пцуел судијата, а реакцијата му беше интересна. Најпрво бараше од соиграчите да му преведуваат во разговорот со судијата, а потоа легна на тревата и се жалеше дека е повреден.

 

 

- Оглас -

Најнови вести