Шпанскиот репрезентативец Феран Торес ќе биде првото зимско засилување за Барселона, а веќе е објавено дека прифатил да потпише петгодишен договор со Каталонците.
https://twitter.com/gerardromero/status/1465998073176465411?s=20
Торес и претходно потпиша петгодишен договор со Манчестер сити, лани во август, кога премина од Валенсија за сума од 23 милиони евра.
За популарните Граѓани одигра 28 натпревари и постигна 9 гола, а сега ќе се обиде да ја врати старата форма од почетокот на кариреата, кога играше за Валенсија.
Торес има 21 година и е еден од најдобрите играчи во неговата генерација, но не го потврди квалитетот и екстра талентот во Манчестер сити.
Планот на Барселона е да ги купи и Карем Адејеми од Салцбург и Сесар Аспиликуета од Челзи, но тоа би се случило во летниот преоден рок.