На флиперот на Спинацола, Линдл одговори со еврогол (Видео)

Леонардо Спинацола го постигна првиот гол како играч на Рома, а начинот на којшто ја затресе мрежата на австриски Волфсбергер ретко се гледа. Бекот на Римската волчица упати удар со глава што се одби од одбранбен играч на домаќините, па повторно од главата на Спинацола заврши во мрежата на голманот Кофлер.

https://streamable.com/t1elb

 

На флиперот на Спинацола, Волфсбергер имаше одличен одговор. За тоа се погрижи играчот од средниот ред Михаел Линдл со еврогол што ја скина мрежичката во аголот на голот што го брани Миранте за Рома.

- Оглас -

Најнови вести