На трката во Формула 1 на „Силверстоун“ ќе може да присуствуваат 140.000 гледачи

Трката и квалификациите за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 шампионатот ќе се возат пред полни трибини, соопштија британските власти. Ова значи дека трибините покрај пистата „Силверстоун“ ќе може да има дури 140.000 луѓе, со што овој настан би бил најпосетен на Островот откако почна пандемијата.

Трката на „Силвестоун“ ќе се одржи на 18 јули, а во наредните денови ќе се знае какви услови ќе треба да исполнат гледачите за да им биде дозволен влез на трибините. Лани не се возеше трката во Велика Британија, а во 2019 година, кога немаше пандемија, трката во недела ја следеа во живо над 141.000 луѓе.

- Оглас -

Најнови вести