Реакцијата на Френки де Јонг веднаш по завршувањето на мечот меѓу неговата Барселона и Интер е бесценета и покажува дека младиот играч не заборавил кој клуб го промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа.
Барселона го победи Интер со 2:1 и помина понатаму без пораз во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, но на Френки му скисна радоста откако дозна дека Ајакс загуби од Валенсија и испадна од ЛШ.
Играчот од средниот ред има само 22 години и очигледно тешко му падна поразот на Копјаниците во Амстердам. За сума од 75 милиони евра на почетокот на годината од Ајакс се пресели во Барселона.
Погледнете ја реакцијата на момчето што не заборави на Ајакс и во моментите кога неговите соиграчи ја славеа победата против Интер.
Looks like Frenkie De Jong just saw Ajax went out 💔 pic.twitter.com/jv1GcPS4f6
— B/R Football (@brfootball) December 10, 2019