На фудбалер на Галатасарај му експлодира огномет во рака, може да остане слеп!

Некогашниот играч на Манчестер сити, а сега член на Галатасарај, Омар Елабделауи доживеа тешка повреда за време на дочекот на Новата година.

Како што пренесуваат турските медиуми, Елабделауи кој е и заменик капитен на норвешката репрезентација, сакал да запали огномет, кога огнометот му експлодирал во раката и заработил повреда на рацете, но и на лицето и очите. Некои пренесуваат дека повредите на очите се толку опасни, што Елабделауи може да остане слеп.

Тренерот на Галатасарај Фатих Терим, заедно со челниците на клубот, но и со Арда Туран утрово биле во посета на повредениот фудбалер, кој за среќа не е животно загрозен.

Низ кариерата Елабделауи има играно за Манчестер сити, Феенорд, Ајнтрахт Франкфурт, Брауншвајг, Олимпијакос, Хал, а од август минатата година е дел од Галатасарај. Во дресот на норвешката репрезентација има 49 настапи.

 

- Оглас -

Најнови вести