На фудбалерките од Иран им се заканува смртна казна само затоа што не ја пееја химната

Женската фудбалска репрезентација на Иран е во центарот на вниманието откако сите фудбалерки салутираа на химната, но не ја пееја, што претставува тежок прекршок во оваа азиска земја, во која има воени судири.

Тие на Азискиот куп во Австралија се одлучија на таков потег без да ги објаснат причините, а многумина тоа го протолкуваа како тивок протест против исламскиот режим. Иранскиот национален телевизиски сервис е преполн со прилози за нивниот потег, дури се прогласени и за предавници на нацијата која е во војна, а за таков прекршок во Иран следува смртна казна.

Поради ваквите информации сè погласни се барањата тие да добијат азил во Австралија и да не ја напуштаат земјата по завршувањето на првенството.

- Оглас -

Најнови вести