Навивачката Фаланга која секогаш и секаде ги бодри националните селекции на Македонија ќе биде присутна и на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Повеќе од 1.000 македонски навивачи веќе имаат обезбедено билети за бараж-дуелот за пласман на СП 2026 меѓу Данска и Македонија.
Нашата навивачка група веќе некое време има убава традиција, а тоа е да одигра фудбалски натпревар против фановите на противнчката репрезентација. Така беше во Велс, така беше и на неколку средби кои се играа и во Македонија, а така ќе биде и во Данска.
На 26 март, во 13:30 часот е закажан пријателски дуел меѓу македонските и данските навивачи. Тоа ќе биде како увертира пред почетокот на случувањата во Фан зоната која е обезбедена за македонските навивачи.

Според досега пријавените навивачи-фудбалери, боите на Македонија ќе ги бранат: Војче Петров, Дарио Арсовски, Христијан Темелков, Мијачле Сенов, Огнен Јованов, Кире Цеков, Кристијан Танчевски, Таше Костов, Петар Танчевски, Мите Митев, Горан Кипријановски, Ване Димитров, Митко Буровски и Бобан Јовановиќ.
Мечот ќе се игра на Klovermarkens sports arena, а точната локација за сите оние кои сакаат да бидат дел од Фан зоната во Копенхаген може да ја видите ТУКА.

