Мексико како еден од трите домаќини на фудбалскиот Мундијал следната година, ја доби честа да игра на отворањето на СП, и тоа ќе биде прв од вкупно 104 натпревари кои ќе се играат на шампионатот, дури 40 повеќе од претходното СП во Катар.
Она што е сигурно, е дека Мексико на 11-ти јуни ќе игра против тим од третиот шешир, што значи дека ќе има 11 можни ривали (не може да се паднат во група со Панама). Тоа се прилично неатрактивни противници: Норвешка, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брег на слонова коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Африка.
Ако вечерва на ждрепката се падне Јужна Африка, тоа би било повторување на стартот на СП 2010, кога на првиот меч играа тогашниот домаќин на Мундијалот и Мексико.

