Пау Гасол на 40 години стана татко, неговата сопруга Кетрин вчера му роди ќерка која ја крстија Елизабет Џана. Гасол направи прекрасен гест кон неговиот пријател Коби Брајант, кој го загуби животот во хеликоптерската несреќа во јануари годинава, а не преживеа ниту неговата ќерка Џана Брајант.
Токму поради тоа, Гасол се погрижи да му оддаде почит на легендата на Лејкерс, со кого седум години ја делеше соблекувалната во Лос Анџелес.
https://twitter.com/paugasol/status/1305246688764805120