На Германките и нерешено им врши работа, и Холандија има шанса за полуфинале

Денешниот натпревар помеѓу Холандија и Германија на Европското првенство во ракомет за жени може да придонесе за одмрсување на ситуациите, но може да придонесе и за дополнително замрсување и повеќе калкулации околу патниците во полуфиналето од групата 2.

Во моментов, Норвешка е прва во групата и сигурно оди во полуфинале, но битката за второто место е жестока. Хрватска има 6 бода, но и еден меч повеќе од Германија со 4 и Холандија со 2. Ова значи дека победа за Германија денеска ќе значи нивно изедначување со Хрватките пред утрешниот меѓусебен дуел.

Ако Германија победи со помалку од седум гола разлика, тогаш на Хрватска утре ѝ одговара и нерешено. Триумф на Холандија, а Лалињата се фаворити според квотите во Sport Life, што значи дека и тие остануваат во игра. Утре Холандија игра со Романија и ќе мора да победи, но и да чека пораз на Хрватска од Германија, па во круг од три тима со еднаков број бодови, ќе решава гол-разликата во меѓусебните дуели.

Хрватска за мечот од 18.15 часот навива за нерешено или тесна победа на кој било тим.

- Оглас -

Најнови вести