На Германците им се брза, сакаат уште утре да обезбедат пласман на СП

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханс Дитер Флик, изјави дека посакуваат победа на утрешното гостување во Скопје против Македонија, и сакаат да станат првата репрезентација после домаќинот Катар, кој и теоретски ќе има обезбедено пласман на Мундијалот во 2022 година.

Откако Флик ја презеде селекторската функција, Германија знае само за победи.

„Внимателно ја анализиравме македонската репрезентација. Видовме кои се нивните добри страни. Сакаме да извлечеме поуки од грешките од мечот со Романија, и да се пласираме на СП што е можно побрзо“ – рече Флик.

Германија може утре утревечер да обезбеди пласман на СП во Катар, но треба да се исполнат два услови. Германија да победи против Македонија, и Ерменија да не победи на гостувањето во Романија. Ако Германците не победат во Скопје, или ако Ерменија слави во Букурешт, ќе мора Панцерите да го почекаат наредното коло за и теоретски да се најдат на завршницата.

- Оглас -

Најнови вести