На Гибралтар му покажувавме сила, а против Бугарија и Грузија бевме ИЗГУБЕНИ!

Само со две победи, едно реми и три порази во Сегментот Ц од Лигата на нациите е знак за вклучување на алармот во македонската репрезентација. Македонија во група со Грузија, Бугарија и Гибралтар успеа да го победи само Гибралтар, и тоа двапати (2:0 и 4:0).

Во шесте дуели, Македонија даде само седум гола, од кои шест беа во мрежата на Гибралтар. Еднаш се израдувавме и на гости кај Бугарија, кога и одигравме 1:1. Во остантите три меча Македонија не даваше голови и губеше.

Вечерва во Скопје загуби од Бугарија со 1:0, а во двата меча со Грузија загубивме поубедливо, еднаш со 2:0 и еднаш со 3:0.

- Оглас -

Најнови вести