Наполи вечерва на стадионот „Диего Марадона“ го пречекува Карабах, а се навршуваат точно пет години од смртта на славниот Аргентинец, по кого е крстен стадионот во Неапол.
Тоа треба да биде мотивација за Наполитанците да победат во чест на најдобриот фудбалер во историјата на клубот.
Инаку според италијанските медиуми, тренерот Антонио Конте има две дилеми околу почетниот состав, а едната е дали лево крило да биде Давид Нерес или Елиф Елмас. Бразилецот викендов даде два гола против Аталанта и можно е да добие предност пред македонскиот репрезентативец.

