Новак Ѓоковиќ неочекувано е елиминиран од Лоренцо Мусети на Мастерсот во Монте Карло, во меч на кој Србинот беше неочекувано слаб во еден дел од дуелот. Ѓоковиќ водеше со 1:0 во сетови, а потоа во вториот сет загуби дури пет гејма на свој сервис и Мусети израмни на 1:1.
Во решавачкиот трет сет, Мусети ја искористи дури четвртата меч топка и стигна до најважната победа во кароерата.
„Ова беше мој сон. Се возвржувам да не заплачам од среќа“, рече Мусети по победата над Ѓоковиќ.
Србинот беше разочаран и не беше многу расположен за коментари, но сепак даде изјава.
„Искрено ужасно се чувствувам после тоа како играв. Сепак, честитки за Мусети. остана цврст во важните моменти и тоа е тоа. Му посакувам среќа, тоа е се што имам да кажам“, рече разочараниот Ѓоковиќ, кој во текот на мечот имаше и неколку неочекувани испади и неспортски потези.