Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изненадувачки беше елиминиран во третото коло на Отвореното првенство на САД, а освен неговиот разочарувачки настап, во прилог не му одат ниту резултатите на останатите ривали.
Тејлор Фриц го победи Зверев и тоа беше доволно да го прескокне Ѓоковиќ на АТП-листата. Одличен е и Тијафо, кој од заднина му се заканува на Ѓоковиќ, а пред Ноле е и Алекс де Минор.
Ако Ѓоковиќ не заигра подобро во финишот на сезоната, може да се случи Србинот да извиси и да не настапи на завршниот турнир, на којшто учествуваат најдобрите осуммина тенисери во светот.