На голманот на Ботафого, мониторите за ВАР му беа виновни за поразот (Видео)

Ботафого беше поразен со 0-2 од Интернасионал во меч од бразилската Серија А, а на домашните два гола им беа поништени поради офсајд, и тоа по прегледување на снимка со помош на ВАР технологијата. Најнезадоволен од одлуките на ВАР беше голманот Роберто Фернандес, кој по завршувањето на натпреварот ги шутна мониторите на кои судиите гледаат снимка и тие паднаа на земја.

За несреќа на Парагваецот чиј прекар е Маче, и неговиот неспортски потег беше снимен, па сега откако снимката се појави во јавност, му следува парична казна, веројатно и суспензија со забрана за настап.

https://www.youtube.com/watch?v=ryclzqi8xMM

- Оглас -

Најнови вести