Голманот на Интер, Хосеп Мартинес, се соочува со можност за казна затвор до седум години поради фаталната сообраќајна несреќа со повозрасен маж во инвалидска количка, која се случи во вторникот наутро, пренесуваат италијанските медиуми.
Обвинителството во Комо покрена истрага за ненамерно убиство и ги испитува околностите околу трагедијата. Една од претпоставките е дека 81-годишниот маж во инвалидска количка ненадејно ја сменил насоката на движење поради нарушено здравје и излегол на патот предизвикувајќи ја несреќата.
Според италијанскиот кривичен закон, шпанскиот голман може да биде осуден на затворска казна од две до седум години.
Мартинес му пружил прва помош на повредениот, но, за жал, тоа не било доволно за да му го спаси животот.
Хосеп Мартинес е член на Интер од летото 2024 година. Во тој период одигра 12 натпревари во сите конкуренции и успеал да сочува седум „чисти мрежи“. Договорот на 27-годишниот чувар на мрежата со клубот е со важност до јуни 2029 година.

