Голманот на Сиера Леоне, Мохамед Камара, е вистинско откровение на стартот на Африканскиот куп на нациите и најмногу благодарение на неговите фантастични одбрани, неговата репрезентација приреди сензација со реми без голови против Алжир.
Ријад Марез, Ислам Слимани, Јасине Брахими и останатите ѕвезди на Алжир од легијата позната како Пустински лисици беа маѓепсани од чудниот стил на бранење на Камара и беа немоќни против него.
A compilation of Mohamed Kamara (Sierra Leone goalkeeper) and his weird yet great goalkeeping technique that saw him keep a cleansheet & win Man of the Match vs. Algeria today from soccer
Камара има 22 години и брани за Ист Енд Лајонс, клуб од Сиера Леоне, но ако продолжи да брани како против Алжир, не му бега трансфер во поголем клуб од Европа.
На крајот младиот голман беше прогласен за најдобар на мечот од првото коло и се расплака од радост.