2.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

На гости загубија со 7:0, па решија да им ги вратат парите на навивачите кои патуваа пет часа, но…

Фудбалот во Англија е посебна страст. Без разлика дали се работи за екипи кои се во Премиер лигата или за аматерските клубови, навивачите секогаш се подготвени за својот омилен клуб.

Истборн Боро, член на англиската шеста дивизија, односно дел на Националната лига Југ, кој во саботата мораше да патува пет часа до Торки на крајниот југозапад од британскиот полуостров и не поминаа добро.

Гостите, кои имаа поддршка и од своите навивачи на трибините, загубија убедливо со 7:0, па тимот на Истборн Боро остана на претпоследното 23-то место на табелата само со 12 освоени бода во 18 одиграни натпревари.

Затоа клубот одлучи да реагира и објави дека на сите навивачи, вкупно 45, кои патуваа на овој натпревар на гости ќе им бидат вратени билетите и патните трошоци. Дел од нив ќе бидат финансирани од самиот клуб, а остатокот од играчите од нивните плати.

Додека некои навивачи ја поздравуваат одлуката на клубот, други не се согласуваат со неа, тврдејќи дека се со клубот во добро и лошо и дека парите не можат да им ја надоместат болката што ја претрпеле.

Едноставно во Англија фудбалот е повеќе од игра.

- Оглас -

Најнови вести