На гостување ќе мора да одат со брод

Венеција е клубот кој по речиси две децении се врати во италијанската Серија А откако во финалето на плејофот во втората лига беше подобра од Читадела. Во двомечот Венеција победи на гости со 1:0, а потоа дома одигра 1:1 и тоа беше доволно за влез во Серија А.

Овој успех е посебно значаен ако се знае дека Венеција до пред некоја година беше пред испаѓање во Серија Д, односно четвртата лига. Сега Венеција ќе игра во елитната лига и треба да биде домаќин на најголемите фудбалски екипи во Италија.

Тоа што е интересно е дека стадионот на Венеција се наоѓа меѓу каналите и до таму може да се стигне само со пловно возило, односно брод или чамец. Стадионот има капацитет од 7.450 гледачи, а Венеција одби да гради нов стадион за да се задржи „фудбалската романтика“ и идентитетот на клубот.

Во новата сезона во Серија А, гигантите како што се Јувентус, Милан, Интер и останатите ќе треба да „пловат“ за да гостуваат кај Венеција.

- Оглас -

Најнови вести