На Граѓаните им олесна – Де Бројне може да игра

Најдобриот асистент во Премиер лигата сезонава, Кевин Де Бројне, се врати на тренинзите на Манчестер сити и најверојатно ќе биде подготвен за настап овој викенд. Белгиецот беше во аут речиси еден месец откако се здоби со повреда на препоните во дуелот со Евертон, а Пеп Гвардиола потврди дека Де Бројне е подготвен за гостувањето кај Кристал палас во рамки од деветтото коло.

Без Де Бројне во составот, се виде слабоста на актуелниот англиски првак. Неговата креативност недостасуваше во претходното коло кога Сити загуби дома со 0-2 против Вулверхемптон, а исто така се мачеа против Динамо Загреб во Лигата на шампионите, па на квалитет на крајот до добија тој меч со 2-0.

Де Бројне сезонава е убедливо најдобар асистент во Премиер лигата со осум точни додавања, а има и два погодоци на своето конто.

- Оглас -

Најнови вести