На граница на плач, сопругата на Меси немоќно ги следеше свирежите од трибините (Фото)

Низ тешки моменти во Париз минува Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, по свирежите од страна на навивачите на Пари Сен Жермен како реакција за елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Аргентинецот беше означен како еден од главните виновници за поразот од Реал со 1:3 во Мадрид, што значеше и простување на ПСЖ од амбициите за освојување на пехарот во Лигата на шампионите.

Бесот по неуспехот, навивачите на Светците го искалија со свирежи за Меси, но и за Нејмар, на дуелот со Бордо во Лига 1, а тоа тешко му падна на Аргентинецот, но и на неговата сопруга Антонела Рокуцо, која беше на трибините на „Паркот на принцовите“.

На граница на плач беше Госпоѓа Меси кога постојано при секој допир на топката нејзиниот сопруг Лео Меси беше исвиркуван од домашната публика, иако ПСЖ лесно го победи Бордо со 3:0.

https://twitter.com/mundodeportivo/status/1503411783935180800?s=20&t=I26Q8kBg_W8L6Qk2c3tcNw

Веќе има информации дека Меси сака да си замине од ПСЖ, иако има договор до јуни 2023 година, со опција да ја продолжи соработката потоа за уште 12 месеци.

 

- Оглас -

Најнови вести