Грузија се радува по беспрекорниот старт во Лигата на Нации и по три кола имаат 9 бода и две многу важни гостински победи против Бугарија и Македонија.
Прво ја декласираа Бугарија со 5:2 во Разград на 5 јуни, а вечерва ја победија и Македонија со 3:0 во Скопје.
„Ова се претвори во прекрасна балканска тура. Ви ги препорачуваме Раград и Скопје“, објавија Грузијците на официјалниот Твитер налог на нивната фудбалска федерација.
https://twitter.com/GeorgiaGff/status/1534996184879751190?s=20&t=lQqjNX-kWYWyg9l-swb2xQ
Грузија сега има чиста ситуација за првото место на 3 кола до крајот на фазата по групи во Ц сегментот од Лигата на Нации.
Тие се лидери во четвртата група со 9 бода пред Македонија со 4, Бугарија со два и Гибралтар со еден бод, а ќе играат два меча дома, со нас и со Бугарите и еден на гости со Гибралтар.